Пожар во гаражата во „Ист гејт“, трговскиот центар евакуиран

Возило се запали попладнево во гаражата на трговскиот центар „Ист гејт мол“ поради што беше евакуиран трговскиот центар.
Досега нема информации за повредени лица, а не е ни позната причината за пожарот.
Паркингот во „Ист гејт мол“ има четири влеза, а капацитетот е 2.000 возила.