Четири автомобили се зафатени во пожар што избил во авто сервис во Прилеп. Според досегашните информации нема повредени лица.
„На 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Александар Македонски во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од селото Загирани,прилепско. Од пожарот биле зафатени и други патничко возила: „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32) од Прилеп и „рено“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(24) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп“, соопшти полицијата.
Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот





