Пожарот во Кочани зема уште една жртва

Почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, со што бројот на загинатите во трагедијата се искачи на 61.



Пациентот им подлегнал на повредите здобиени во пожарот што се случи на 16- март.

Повеќе детали се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

На денот на трагедијата 59 ги загубија животите , а во петокот, исто така во Литванија на повредите им подлегна Александар Карадакоски за кого министерот за здравство Арбен Таравари рече дека бил најкритичниот пациент.

Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.