„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар.



Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш да пријават на 112 или на некој другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР“,вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, кој потоа извести за состојбата со пожарите.

Во текот на вчерашниот ден, вторник, 27.08.2024 година, имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 3 и изгаснати се 29.