Поевтинување на дел од храната – граѓаните со душа чекаат да купат поевтино

Од утре замрзнати маржи, односно поевтиување на дел од артиклите. Одлуката за „Есенската“ потошувачка кошничка е објавена во Службен весник. Со ова мерката на владата за поевтини прехрамбени производи од утре треба да стапи на сила. Станува збор за ограничување на маржите до 10% на над 70 производи. Ќе се опфатени брашното, лебот и пекарските производи, тестенините, оризот, зејтинот, месото, млечните производи, јајцата, овошјето и зеленчукот, теглите со ајвар, шеќерот, млечното чоколадо, повеќе видови зачини и меленото кафе.



На рафтовите и фрижидерите каде стојат овие производи, трговците мора да стават етикети со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Мерката ќе биде на сила до крајот на октомври и според очекувањата треба да ги намали трошоците за храна во просек за околу 10 отсто.

Од друга страна дел граѓаните сметаат дека овие мерки се задоцнети и воопшто нема да влијаат на подобрување на нивната куповна моќ. Синдикатот пак смета дека ограничувањето на маржите требало да се случи порано, бидејќи инфлацијата ги изеде платите на работниците.

По примерот на есенската кошница, ќе се прави и новогодишна, божиќна, рамазанска и велигденска кошница. И тие ќе имаат ограничено времетрање од околу еден месец кога вообичено поскапуваат основните прехранбени продукти. По завршување на оваа мерка, Владата не очекува нагло зголемување на цените на основните прехранбени продукти оти од следната недела ќе профункционира и Законот за нефер трговски практики.