Земјите од НАТО не се психолошки подготвени за војна со Русија и таа го разбира тоа. Единствената шанса да се победи Руската Федерација е тоа да се направи во Украина.
Ова го изјави Михаило Подољак, советник на шефот на украинскиот претседателски кабинет во интервју за TV Freedom, пренесоа медиуми.
„Она што најмногу ме зачудува овде е тоталната психолошка неподготвеност на земјите од НАТО за војна…, тие имаат многу оружје, тие се многу поефикасни, но не се подготвени да го употребат.
Според тоа, ако за 5 години Русија го задржи денешното темпо на милитаризација и авторитаризам, НАТО нема шанси“, објасни тој.
Подољак нагласи дека единствен начин да се победи Руската Федерација е да се победи во Украина.






