Вчера во Тетово, се одржа третата дебата на Комисијата за промена на имињата на некои улици во Тетово со жителите на овој град.
Шефот на Комисијата, Арѓенд Велиу, изјави дека досега се поднесени 1.040 предлози за имиња на улици, но тој очекува. овој број да се преполови на следната дебата, јави Алсат.
Најчестите реакции на жителите беа главно поврзани со странски имиња, но и со имиња од други градови, а Комисијата смета дека треба да им се даде приоритет на имињата на тетовските активисти.
„Не е логично да се земаат странски имиња. Треба да ги земеме оние кои навистина придонеле за Тетово. А, не живите, бидејќи тие се уште се живи, а можат да се лизнат и да се покажат како предавници, дали тогаш ќе им ги смениме имињата“, рече Сулејман Мехази,
„Дебатата се разгоре околу споменувањето на странски градови и странски имиња, и тоа беше разумно.
Ние како народ сме во друга фаза од развојот и приоритет треба да им се даде на локалните имиња, за да можеме подобро да го препознаеме градот, што ќе влијае на подигањето на нашата свест и гордоста на жителите на Тетово“, рече Агон Мемеди.
Инаку, во Тетово има вкупно 297 регистрирани улици, од кои 216 се без броеви или имиња, додека 80 други треба да се преименуваат, бидејќи имаат имиња што воопшто не одговараат на мултиетничката и религиозната реалност на земјата.
„Не“ за преименување на улиците во Тетово, бара Сојузот на борци






