Поддржувачите на владиката Партениј излегуваат на протест – против кого?

На 12 јуни, Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во полн состав ќе одржи седница со една исклучително важна точка: избор на нов надлежен архиереј за Дебарско-кичевската епархија, по упокојувањето на митрополитот Тимотеј, потврди за Плусинфо портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА. г. Климент.



Архиепископот г.г. Стефан, според неофицијални информации, ќе го предложи јеромонахот Георгиј, кој наскоро треба да биде ракоположен во епископски чин.

Но, наместо оваа вест да биде дочекана со достоинство и со трпение, дел од јавноста, особено поддржувачи на епископот антаниски г. Партениј, кои сметаат дека игуменот на Бигорскиот манастир има повеќе право да го наследи г. Тимотеј отколку скорозамонашениот Георгиј, најавуваат протести.

Повикот за протест се шири преку социјалните мрежи, а најавен е за утре напладне пред резиденцијата на архиепископот на Скопското Кале – пишува Плусинфо.

Веднаш се наметнува суштинското прашање: против што се протестира? Дали против канонската практика на Црквата според која изборот на митрополит е во надлежност на Синодот, а не на народна волја изразена преку статуси на Фејсбук?

Високи црковни извори во неформален разговор за Плусинфо порачуваат дека изборот на архиереј е строго црковна и духовна процедура, како и дека светиот Синод е телото што носи одлуки врз основа на долгогодишен духовен увид, посветеност и проценка на пастирските и монашките доблести на кандидатот.

Сè друго, велат тие, вклучувајќи ги и емотивните изливи на поддржувачи, е шум во системот.

Целата анализа на Плусинфо: