Третиот ден откако „балистите“ во својата морбидна сценографија во Тетово го „погребаа“ Вардар, неговите фудбалери возвратија со триумф од 1:0 во градското дерби со Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ воп Маџари.



Единствениот гол на натпреварот од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига го постигна Дарко Глишиќ, кој во 58. минута погоди директно од корнер го совлада голманот Игор Алексовски во стилот на Артим Шаќири кога го измами Дејвид Симан против Англија во Саутемптон!

Други резултати: АП Брера – Шкендија 0:0, Брегалница – Шкупи 0:0, Струга – Македонија ЃП 2:1, Тиквеш – Силекс 1:0, и Воска – Гостивар 1:1.

Табела: Струга 45 бода, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, АП Брера 27, Работнички 27, Воска 25, Вардар 24, Брегалница 21 и Македонија ЃП 18.