Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина

Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот.Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.



„Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина“ – Ова беше темата на интерактивната работилница наменета за студенти од битолскиот универзитет која во рамките на својата стратегија за општествена одговорност СН Осигурителен Брокер АД Битола ја организираше во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Активноста е дел од проектот на СН Осигурителен брокер за подигнување на финансиската писменост кај младите, а стручни сознанија од областа на студентите им пренесуваат:

-Јасмина Димитровска Босилкова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по бизнис администрација, осигурителен експерт во секторот штети и прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Анета Шијакова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по меѓународна политика, раководител на секторот маркетинг во СН Осигурителен Брокер.

-Даниел Паришко – магистер по маркетинг и менаџмент, искусен осугурителен професионалец и раководител на секторот за прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Александра Танатарец – магистер по осигурување и менаџмент со ризик и докторант на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, раководител на секторот наплата во СН Осигурителен Брокер.

Предавањето го поттикна интересот на младите, кои низ плодна дебата со експертите се фокусираа на различни аспекти на финансиската писменост.„Финансиската писменост претставува основен предуслов за стабилен и развиен економски систем. Финансиски едуцираното население подобро ги користи предностите на финансиските производи, подобро го разбира финансискиот систем и со тоа има способност да носи издржани финансиски одлуки, воедно подобро може да се заштити од евентуални финансиски ризици, а што во крајна линија придонесува и за одржлив економски раст. Но, финансиската писменост не е процес кој може да се одвива стихијно, туку подразбира координиран пристап на сите инволвирани страни, како на финансиските институции како носители на финансиска едукација, така и на сите останати општествени чинители.“-посочи Босилкова, додавајќи дека финансиската писменост е јавно добро, а не индивидуален интерес. Неопходна е интегрирана заедничка заложба и заеднички ангажман визијата да се развие и имплементира во успешни национални стратегии кои ќе бидат во насока на постигнување финансиска стабилност и економски раст на земјата, рече таа.

Целиот текст прочитајте го тука.