Министерот за односи меѓу заедниците и вицепремиер во македонската влада, Иван Стоилковиќ, најави дека на 27 јануари, на традиционалната Светосавска академија во Скопје, ќе присуствуваат поглаварите на Српската православна црква, Порфириј, како и архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.
Стоиљковиќ кој е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, вели дека ова било договорено во разговори со поглаварите на двете цркви.
,,Во продолжение на вчерашните разговори со Неговата Светост, српскиот Патријарх Порфирије, денеска во соборниот храм се сретнав со Неговото Блаженство Господин Господин Стефан — поглаварот на Македонската православна црква. Можам да Ве информирам дека на највисоко црковно ниво, со присуство на двајцата црковни големодостојници на свечената Светосавска академија ќе го обележиме националниот празник на Србите во Македонија, 27.јануари Денот на Свети Сава”, објави Стоиљковиќ.






