Повторно се појавија жешки точки на Серта

Од Центарот за управување со кризи попладнево информираа дека на планината Серта се појавиле жешки точки. Гори на потегот спроти с. Калањево.



– За да го ставиме под контрола додека е во почетна фаза таму ги пренасочивме двата ер трактори на ДЗС, информираат од ЦУК.

Огнената стихија која се заканува на  резерватот Јасен, ја бранат да не помине дел од вработените со поддршка на армијата, по цела должина на реката Оча.
А, останатите вработените бранат да не помине према Борова Брезница.