Повторно пораст на инфлацијата. Статистика измери 4,5 % во мај

Повторно пораст на инфлацијата. Статистика измери дека за една година во однос на мај 2023 година е зголемена за 4,5 %, а цените на мало во истиот период пораснале за 5,8 %. Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за  0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%.



Зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3.1 %, рекреација и култура за 2.1 %, транспорт за 1.9 %, облека и обувки за 1.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.0 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива,

Во споредбениот период мај годинава мај лани највисок пораст на цените има кај услугите од 8,4% и кај земјоделските производи од 7,4%. Прехранбените производи, пак, поскапеле за 5,3%, а индустриско прехранбените производи за 4,7%