Министерот за здравство Арбен Таравари синоќа во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со тримесечното бебе кое се здобило со повреди при престојот на Клиниката за детски болести, а за кој првично објави порталот „Икс“.
Семејството на бебето,според Таравари, се сомнева дека детето било жртва на вработено лице во клиниката, по вербална расправија со медицинските сестри за време на приемот во болницата.
„Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети“, напиша Таравари на Фејсбук.
Тој синоќа, заедно со директорот на Детската клиника тргна и лично да се сретне со семејството на детето. Оттаму потврди дека детето е повредено и оти има модринки по рацете.
Уште еднаш повтори ќе се преземат мерки против секој кој постапил несоодветно со детето, пренесе “360 степени“.






