Три проектили биле истрелани од Либан кон израелска територија рано утринава, при што 19 луѓе во централниот израелски регион Шарон биле повредени, соопшти израелската полиција, соопшти Тајмс оф Исраел.
Националната служба за итни случаи претходно извести дека седум лица се повредени во централниот израелски град Тир.
Израелската војска објави дека биле лансирани проектили на израелска територија и дека се огласиле сирeни.
Хезболах соопшти дека во раните утрински часови лансирала ракети врз израелската разузнавачка база во близина на Тел Авив.
Во 02:30 часот (00:30 часот по Гринич) терористите „истрелаа салва од ракети врз базата Глилот на воената разузнавачка единица 8200 во предградијата на Тел Авив“, се вели во соопштението на иранскиот полномошник.
Израелската војска оопшти дека во текот на ноќта биле лансирани три ракети од Либан кон централен Израел.
Судирите во Либан меѓу израелските сили и групата Хезболах драматично ескалираа во последните недели.






