Повредени од понижувањето што им го приреди вицепремиерот, ДУИ удри врз Стоиљковиќ

Повредени од понижувањето што им го приреди вицепремиерот кој иронично им се извини што е неспособен да краде како што краделе тие додека биле на власт, ДУИ тргна во остар напад врз лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ.



Преходно ДУИ побара интерпелација за Стоиљковиќ кој од собраниската говорница им кажа дека не е толку способен да краде како нив.

Повредената ДУИ му одговара на Стоиљковиќ со обвинувања дека тој е руски експонент во Македонија.

Соочена со бегство на најважниот партиски оперативец Груби кој е осомничен за сериозна корупција и криминал и се најде на Црната листа на САД ДУИ со цел да му врати на Стоиљковиќ ги споменува и косовскиот премиер Курти и ВЛЕН.

Во нејасно соопштение од Мала Речица зборуваат за ,,големата измама на ВЛЕН за Отворен Балкан – Од „антинационален проект“ до стратешко партнерство меѓу Скопје и Белград, со Стоилковиќ на чело на Владата!

,,Додека беа во опозиција коалициските партии дадоа голема заклетва: На првиот ден на власт ќе ја повлечеме Македонија од Отворениот Балкан!

Со ова ветување тие ги измамија гласачите, го искористија како политичко оружје за да ја нападнат претходната власт и организираа жестока кампања со означување на оваа иницијатива како штетна за државата и како антинационален проект по линијата на Албин Курти.

Но, денес, на власт, без легитимитет, не само што не ја повлекоа земјата од Отворениот Балкан, туку нивната влада сега го гледа како позитивен проект и Скопје и Белград станаа стратешки партнери во регионот.

Тие сега имаат клучен партнер, Иван Стоиљковиќ, најекстремниот претставник на руските и српските интереси во Северна Македонија!

Отворен Балкан го нарекуваа национално предавство, денес нивните министри ги подготвуваат документите и ги спроведуваат политиките на оваа иницијатива!

Како се вика ова?

Бескрупулозно лицемерие, срамна измама на граѓаните или предавство на принципите и изборните ветувања!

Оваа влада изгуби секаков кредибилитет! Оваа влада нема принципи, нема интегритет, нема достоинство!

Нема зборови кои можат да го оправдаат ова предавство на гласачите, државата и националните интереси!

ДУИ најостро ја осудува оваа политичка измама и бара итен одговор:
• Зошто се лажат граѓаните?
• Зошто земјата не се повлече од Отворениот Балкан?
• Како Северна Македонија стана дел од „српскиот свет“ ставајќи го Стоилковиќ на чело на Охридскиот договор?

Со државата не можат да управуваат измамници, лицемери и луѓе кои не си го држат зборот”, пишува ДУИ во конфузното соопштение.

Партијата се уште не се оградува од Груби иако САД тврдат дека има неспорни докази дека тој е криминалец.