Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 12:15 часот по локално време.



За 10 минути пристигнаа медицински екипи, жандармерија, полиција и противпожарна служба.
Во автобусот патувале 14 лица.

Од нив 11 се повредени. Двајца се во тешка состојба, други двајца се со средни повреди, а 7 лица се со полесни повреди.

Причината за несреќата се истражува.
„Она што се дознава е дека возачот изгубил контрола, удрил во патна табла и се превртел“, објасни Борислав Димитров, генерален конзул на Бугарија во Едрене.