Повлечени од Собрание четирите предлог-закони за таканаречените стратешки инвестициски проекти

Владата донесе заклучок четирите  предлог закони за стратешки инвестициски проекти да се повлечат од Собрание, пишува Телма.



Министрите одлучиле Законите меѓу кои и оној за изградбата на комбинираната гасна централа од грчки Митилинеос да ги повлече од Собранието на денешната владина седница.

За овие стратешки инвестиции изминатиот период имаше низа реакции и предупредувања дека се загрозува енергетскиот суверенотет особено за Митилинеос кој треба да гради централа во Железара. За овој проект и министерот за економија на последните две владини седници бара повлекување на предлог законот и нови преговори со инвеститорот.