„Со покачувањето на пензиите месечно ќе купуваме и до 15 лебови повеќе“, вели Никола, пензионер од Скопјенза порталот „Центар“, незадоволен од партовското усогласување на пензиите за дури 5,3 проценти.
Над 337.000 македонски пензионери на 1 април ги примија „зголемените“ мартовски пензии, но зе некој тоа изнесува 600, а за друг и до 3.000 денари.
„Имаме зголемување на пензионирањето овој месец од 500 до 600 денари [8-10 евра]. Со ова зголемување можеме да купиме 10-15 леба, во зависност од тоа каков вид ќе консумираме. Ова е повеќе провокативно покачување отколку помош за ублажување на тешката економска состојба, особено за нас пензионерите. Толку се зголемени цените што не можеме ни леб да обезбедиме“, вели пензионерот Никола.






