Локалната полиција објави дека „повеќе лица загинале“ откако автомобил се заби во толпа луѓе во канадскиот град Ванкувер.
Инцидентот се случил околу 20:00 часот. локално време (5 часот наутро по средноевропско време) за време на уличен фестивал.
Има и повредени лица. Полицијата соопшти дека возачот е уапсен. „Ќе дадеме повеќе информации како што напредува истрагата“, се вели во полициското соопштение.
Локалните медиуми објавија дека автомобил удрил во пешаци за време на годишниот фестивал Лапу Лапу, на кој се слави филипинската култура.
Непроверени снимки на социјалните мрежи покажуваат бројни полициски автомобили, амбулантни возила и противпожарни возила на местото на настанот, а повредени лица лежат на земја.
Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, објави на X дека е „шокиран и длабоко тажен од ужасниот инцидент“.





