Американската актерка Џулија Луис Драјфус, добитничка на шест Еми награди за улогата во серијата „Потпретседателка“, во четвртокот објави на Твитер дека и е дијагностициран рак на дојката.
„Секоја осма жена боледува од рак на дојка, а денеска јас сум една од нив“, пишува Џулија.
Луис Драјфус рече дека е охрабрена бидејќи има голем број поддржувачи, вклучувајќи ги нејзините и пријателите и семејство, но и доброто здравствено осигурување.

„Лошата вест е дека не сите жени се толку среќни“, додаде актерката на Твитер.
Комичарката и продуцентката е мажена и има две деца, и само што ја освои единаесетата Еми награда пред две недели.




