Победата на Трамп, најубедлива во последните 36 години

Според сите проценки, ова ќе биде најубедливата победа на Републиканската партија на претседателските избори од 1988 година, кога покојниот Џорџ Буш постариот го доби претседателскиот мандат.



Со многу веројатна победа во Аризона, Трамп ќе достигне 312 електорски гласови наспроти 226 на демократката Камала Харис, што на републиканците не им успеа во последните 36 години.

Исто така, за прв пат по 20 години, од 2004-т, републикански кандидат ќе освои повеќе „народни“ гласови од демократскиот противник.

Трамп ја победи Хилари Клинтон во 2016 година и покрај тоа што освои вкупно три милиони гласови помалку, но ги зеде потребните 304 електори и влезе во Белата куќа.

Годинава победата на Трамп е убедлива и на тоа поле бидејќи според сегашната состојба тој добил 74 милиони американски гласови, 4 милиони повеќе од Харис, што е исто така подвиг што не се случил повеќе од три децении.

Трамп, од друга страна, стана првиот американски претседател по Гровер Кливленд на крајот на 19 век кој освои два но не последователни претседателски мандати.