„Плусинфо“: Разбиена терористичка групација

Синоќа е разбиена терористичка групација која делувала во струшко-гостиварскиот регион, потврдиле од Министерството за внатрешни работи за „Плусинфо“.



Како што наведуваат од полицијата, групата била активна на територијата на овие две општини.

Полицијата уапсила неколку лица, кои се осомничени за терористичко делување, а по акцијата, се очекува официјално соопштение со детали за операцијата.

Извор: https://plusinfo.mk/polici-ata-razbi-teroristichka-grupaci-a-de-stvuvala-vo-strushko-i-gostivarsko/