Мислам дека од македонска страна се направени толку многу отстапки, што ретко кој народ и ретко која земја би прифатил да направи толку чекори од своја страна доколку не го забрзаат својот пат кон членство во Европската унија, изјавил декнеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на средба со македонскиот колега Христијан Мицкоски.



Пленковиќ, кој го прими Мицкоски во Загреб, додаде дека е охрабрен од тоа што поддршката на народот на Македонија за европска интеграција е сепак висока, околу 70 проценти.

Пленковиќ смета дека има „премногу неправда“ кон Северна Македонија во повеќе од две децении и рече дека ќе се залага за побрзи преговори меѓу таа земја и ЕУ.

Пленковиќ денес му порача на премиер на Северна Македонија Христијан Мицкоски дека Македонија доживеала премногу неправда на патот кон Европската унија и дека Хрватска ќе продолжи да се залага за забрзување на тој процес.