Владата и СОНК вчера постигнаа историски договор во однос на покачувањето . Имено, Наставниците од основно и средно образование од овој месец, односно месечната плата за октомври ќе ја добијат за 5% повисока, но и за и за континуиран раст на платите во наредните 4 години за вкупно 46%.



СОНК и Владата вчера постигнаа договор за покачување на платите на просветните работници во основното и средно образование од 5% веќе со октомвриската плата, но и за и за континуиран раст на платите во наредните 4 години за вкупно 46%.

Октомвриската плата практично која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во март 2025 година ќе биде покачена за 5%, а потоа во март 2025 година ќе има ново покачување од 7%.

Во 2026 и 2027 година исто во март, договорено е зголемувањето да се вижи помеѓу 7,5% и 10%, за истиот период во 2028 година процентот на раст да достигне од 10 до 12,5%.

Наставниците во средното и основното образование, со ваквото редовно годишно зголемување во следните години, односно заклучно со месец март во 2028 година ќе добијат историски рекордно покачување од 46% на платите.