Во 2021, 11,3 милиони луѓе во Европската унија биле вработени во економски активности поврзани со туризмот, но не нужно само зависни од него. Од нив, 6,8 милиони луѓе работеле во индустријата за храна и пијалаци, 2,1 милиони луѓе во сместување, 1,8 милиони луѓе во транспорт и 400.000 во туристички агенции и тур-оператори, пренесува Евростат. Сепак, не сите се потпирале само на туризмот во своите приходи.
Трите индустрии кои речиси целосно се потпираат на туризмот, како што се капацитетите за смествуање, туристичките агенции или тур-операторите и дејности поврзани со воздушниот транспорт вработија 2,8 милиони луѓе во ЕУ.

Туристичките индустрии беа главен работодавач на жените. Во 2023 година, меѓу вработените во избраните туристички индустрии, 57,6 проценти биле жени, 21,2 процентни поени (п.п.) повеќе отколку во вкупната нефинансиска деловна економија каде се опфатени 36,4 отсто.
Учеството на хонорарното вработување во туристичките индустрии опфаќа високи 21,3 проценти, што е за 6,1 процентни поени поголемо отколку во вкупната нефинансиска деловна економија каде се опфатени 15,2 отсто од вработените.
Туристичките индустрии привлекоа малку поголем удел на помладата работна сила, со 11 отсто од работниците на возраст од 15 до 24 години во споредба со 9 проценти опфатени во нефинансиската деловна економија.

Во 2023 година, учеството на лицата со пониско образовно ниво во туризмот беше 20,2 отсто.
Странските граѓани сочинуваат 15,9 отсто од работната сила во туристичките индустрии. Притоа 7 проценти од работната сила доаѓа од другите земји на ЕУ и 9 отсто од земјите кои не се членки на унијата. Веројатноста за одржување на привремен договор беше за 8,8 п.п. повисока во туризмот отколку во вкупната нефинансиска деловна економија. Слично на тоа, уделот на нововработените кои ја држат својата сегашна работа помалку од една година исто така беше повисок во туризмот отколку во нефинансиската деловна економија како целина 23,1 отсто наспроти 14,8 проценти.





