Состојки:
-500мл слатка павлака
-300мл шлаг пена
-1 кисела павлака
-200г класични плазма бисквити
-0,5кг вишни
-0,5л млеко
-1 ред чоколадо за готвење
![]()
Подготовкa:
Изматете ја слатката павлака. Изматете и 200 грама шлаг со 2 дл млеко и во оваа смеса додадете ја киселата павлака. Сето ова соединете го и поделете го на два дела, па во едниот дел ставете 300 грама мелени плазма бисквити.
Плазма бисквитите натопете ги во млеко и наредете ги во плех. Потоа истурете ја половина од смесата, вишните, па другата половина од смесата и на крај филувајте со остатокот од изматениот шлаг.





