Пијан возел огромен џип со странски таблички и навредувал полицајци

Пијан возач се дел од инцидент во кој тој возел огромен џип од моделот Хамер со странски таблички и навредувал полицајци.



Според информацијата што ја дава портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски пијаниот возач ноќеска навредувал полицајци откако го запреле.

,,На 04.05.2025 година во 01.40 часот, на пресекот на улиците „Спас Банџов“ и „Партизанска“ во Охрид, приведен е Љ.К.(46) од Охрид. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „Хамер“ со американски регистарски таблици и при преземени мерки, констатирале дека тој возилото го управувал со 0.67 промили алкохол во крвта по што, бил агресивен кон нив упатувајќи им вербални навреди”, стои во соопштението од СВР Охрид.