Писториус се откажа од кандидатура за германски канцелар

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера се откажа од можната кандидатура за канцелар за владејачките Социјалдемократина претстојните избори.



Во видеото објавено на каналите на социјалните мрежи тој објави дека тоа билло целосно негова одлука.

Со овој потег тој му го расчисти патот на канцеларот Олаф Шолц да се кандидира за втор мандат, пренесува „Ројтерс“.

Шолц во моментов е најнепопуларниот канцелар во историјата, а Писториус, најпопуларниот политичар во Германија.

Писториус, кој досега никогаш целосно не ја отфрли можноста за канцеларска кандидатура, вчера за прв пат целосно го поддржа Шолц.

„Во лицето на Олаф Шолц, имаме извонреден федерален канцелар“, рече тој. „Тој водеше трипартиска коалиција низ можеби најголемата криза во последните децении.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек беше официјално номиниран за кандидат за канцелар на Партијата на зелените минатата недела.

55-годишниот министер рече дека знае дека ја изгубил довербата на јавноста во последните години во коалицијата, но сака да ја преземе одговорноста како „кандидат на партијата за народот во Германија“.