Писториус: Русија може да го нападне НАТО за 5 години!

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупредидека,  теоретски, постои закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година.



Дотогаш, според него, Русија би можела да ја зголеми својата војска на 1,5 милиони војници.

„Со оглед на растот на руската армија, постои теоретска можност Русија да се обиде да ги нападне земјите на НАТО во 2029-2030 година. Затоа е особено важно дотогаш да се обезбедат одбранбените способности на Алијансата“, изјави с Писториус, како што објави Украинска Правда.

„Воените експерти многу внимателно ги следат настаните во Русија. Воената индустрија таму значително се развива, произведувајќи голем број тенкови и авиони, што значи дека руските вооружени сили значително растат. До 2026 година нивниот број може да се зголеми на 1,5 милиони војници “, рече Писториус.

Тој истакна дека воените експерти веруваат дека „Путин би можел да ги реорганизира своите вооружени сили до 2029/2030 година за да создаде соодветни услови за можен теоретски напад врз други земји“, вклучително и земјите од НАТО.

„Затоа, ние мораме дотогаш да ја обезбедиме нашата одбранбена способност. Оваа задача, се разбира, бара и време и пари, но ние сме посветени на оваа цел“, нагласи тој.