Нешто можеби далечно од нашата традиција, но во последно време многу популарно, а патем и лесно и брзо за подготовка. Негативната работе што го следи овој оброк е миризбата која некои ја сакаат, некои не многу.
Потребни состојки :



-500 гр пиле­шки стек
-400 гр свежи шампи­њони
-400 мл павлака
-2 мор­кови
-2 гла­вици кро­мид
-2 лук­чиња
-1 лажица мајо­нез
-3 лажички исец­кан свеж маг­до­нос
-1 лажичка кари
-сол, црн бибер и масло

Подготова:

Пиле­шкиот стек се става во дла­бок сад со вода и се вари два­е­се­тина минути на тивок оган. За тоа време, се сечка кро­ми­дот, лукот и мор­ко­вот на мали коцки и се ста­ваат на оган да се пржат со малку масло. Се трга месото од оган, се мие, се про­це­дува и се сече на пого­леми коцки. Се сеч­каат и шампињоните.

Кога кро­ми­дот ќе зару­мени, се додава месото да се про­пржи во садот, а по десе­тина минути се дода­ваат карито, шампи­њо­ните, павла­ката, мајо­не­зот, маг­до­но­сот и зачи­ните. Сите состојки се про­ме­шу­ваат, садот се трга од оган и целата смеса се става во сад за печење. Јаде­њето се пече во загре­ана рерна околу 20 минути.