Не морате да чекате да дојде викенд, во мирисот и вкусот на скарата можете да уживате во текот на секој ден. Овој едноставен и здрав рецепт го приготвуваме на   електрична скара која можете да ја вклучите во домот, дворот, на тераса и да ја користите кога ќе посакате.



Потребни состојки:

-2 црвени пиперки
-2 главици црвен кромид
-3 лимона
-2 големи парчиња пилешки гради
-10 чери домати
-250 грамa јогурт
-1 супена лажица црвен пипер
-Ќе Ви требаат уште и дрвени стапчиња за ражничи.

Исечкајте го зеленчукот на коцки и оставете ги коцките на страна за ги наредите на стапчињата подоцна. Исечкајте ги лимоните, кромидот и пиперките. На крај, исечкајте го и пилешкото на коцки и спремни сме за маринадата. Ставете ги состојките во длабок сад со јогурт, сок од еден лимон и една супена лажица црвен пипер. Оставете го пилешкото да омекне во различните вкусови, ако е можно, преку ноќ.

Кога пилешкото ќе биде спремно можеме да ги наредиме состојките на стапчињата за ражничи. Нема правило кога е во прашање редењето, но убаво изгледа ако коцките ги ставате во одреден редослед. Овој рецепт е за четири ражнича кои се доволни за двајца.

Загрејте ја eлектричната sкара на среден оган и почнете да ги печете ражничите. Вртете ги секои две минути. Ќе забележите дека тие почнуваат да добиваат боја, но дури и ако изгорат на некои места тоа на рецептот му дава дополнителен вкус. Најважно е пилешкото да се испече и одвнатре, па затоа вртете ги ражничите се додека не бидете сигурни дека е безбедно за јадење.

Ова јадење ќе го сервираме со пита лепчиња, па затоа ставете ги на eлектричната скара вклучена на најсилен оган и потпечете ги пред да ги сервирате. Свртете ги неколку пати.