„За реформите во судството ние седум години во Собранието апелиравме како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судиите и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители, којшто се донесуваше според скратени постапки, дословно со насила изгласани дневни редови и со многу закони донесени со европско знаме.“ – рече пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска синоќа во гостување на Телевизија 24.
Пешевска истакна дека довербата на граѓаните во судството е само 2 отсто, односно оти е огромна е недовербата – 98 отсто, додавајќи и дека повеќе од половина од судовите се неажурни.
„Како Влада сегашна, а претходно во изборната програма, ние ветувавме дека се потребни реформи во судството без да се мешаме притоа. Ние сме потегнале да ги разрешиме сега членовите на Судскиот совет во Собранието, затоа што таму се именуваат, логично е таму и да се разрешуваат, но тоа не значи никако дека извршната власт ќе се меша во изборот на Судскиот совет. Затоа што и ние бевме застапници на тезата дека извршната власт без разлика, па и законодавната, сме вмешани само процедурално, но и оти треба политичарите да ги тргнат рацете дефинитивно од судската власт.“ – посочи Жаклина Пешевска.
Home Македонија Пешевска: Потегнавме разрешување на членовите на Судскиот совет во Собранието, порачувајќи им...





