Некогаш највкусните јадења најбрзо се готват. Објавуваме предлог за вкусни печурки во бел сос.
Состојки:
-1 кромид
-3 чешниња лук
-1/2 килограм свежи печурки
-павлака за готвење
-зачини

Подготовка:
Кромидот или младите кромодчиња и лукот се сецкаат ситно и се ставаат во сад за пржење. Се пропржуваат со малку масло за готвење.
Печурките се мијат и се сецкаат. Се додаваат во садот со веќе пропржените кромид и лук. Додаваме сол, бибер и зачини по желба.
На крајот, пред да го тргнеме од шпорет, во садот додаваме и павлака за готвење. Количината е по вкус, се разбира.





