Еден од лидерите на партијата на Македонците во Грција “Виножито” Павле Воскопулос дава оргинална идеја за надминување на спорот во Грција.
Тој предлага наместо Република Македонија да го менува името тоа треба да се случи со грчкиот регион Македонија и дава 5 варијанти за решението.
1. Грчки географски регион
2. Географска грчка Македонија
3. Грчка Македонија
4. Грчка историска Македонија
5. Регион Грчка Македонија.
“Во рамки да се направи обид за компромис ќе беше праведно и конструктивно да се предложат имиња за географската област на Северна Грција со цел да се разликува чисто и јасно од РМ како што бара грчката страна”, пишува Воскопулос давајќи ги предлозите.





