Дали раководството на Црквата одлучила отворено да интервенира во политичките работи на земјата и дали Црквата не ги надмина границите на своите надлежности – е едно од прашањата кое се поставуваат во кулоарите на грчкото Министерството за надворешни работи на Грција по бескромисниот став на грчката црка против зборот Македонија.
По едногласна одлука на 12 члениот Синод на грчката православна црква дека „не може да го прифати терминот ‘Македонија’ или нејзин дериват како составен дел на името на друга држава, што ќе има влијание врз името на расколничката самопрогласена црква ‘Македонија’, на повидок е „прекин во владино-црковните односи“ оценува „Катимерини“.
Ставот на Црквата предизвика силна реакција на Министерството за надворешни работи, која ја критикува дека нјзината одлука се совпаѓа со ставовите на националистичката „Златна зора“. Иако архиепископот Јероним се спротивстави на учеството или на поддршка од страна на Црквата на митинзите закажани за 28 јануари и за 4 февруари на плоштадот Синагма во Атина на кои ќе се протестира против ново име за северниот сосед кој би го содржел зборот Македонија.
Според „Катимерини“, само неколку часа откако беше соопштена одлуката на Синодот, извори од грчкото Министерството за надворешни работи наводно ја критикувале Црквата, поставувајќи пет прашања:
Прво дали црковното раководство одлучи да оди заедно со неонацистичката „Златна зора?”
Второ, дали раководството на Црквата „одлучи отворено да интервенира во политичките работи на земјата“ и дали Црквата не ги надмина границите на своите „надлежности“.
Трето, Министерството за надворешни работи соопшти дека раководството на Црквата дури и не се потрудило да побара од владата да биде информирано за текот на преговорите.
Четврто, раководството на Црквата се критикува за „ангажирање во државни и дипломатски работи“… „за такви, толку сериозни национални надворешно-политички прашања”, додека истовремено „не сака државата да се инволвира во нејзините свети работи“.

Конечно, како што пишува „Катимерини“ истите извори наводно наведуваат дека „раководството на Црквата, која се декларира дека е одвоена за национални прашања, мора да биде многу внимателна и да се фокусира на националниот интерес, а не на служење на приватните интереси на архиереите и, најверојатно, на лични политики на „нивните роднини“, преправајќи се преокупирани со грижата на нивното „стадо“ за прашањето за името.





