Во текот на вчерашниот ден и вечерта десет лица тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со амбулантни возила и авион на војската на Србија биле префрлени во болниците во Белград, сместени во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.
Telegraf.rs дознава дека сите пациенти кои се сместени во ВМА се во шок соба. Пет од нив биле интубирани.
Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.
Тешко повредените се на возраст од 18 до 27 години, а изгорениците покриваат и до 30 отсто од кожата.
Девојката која е префрлена во ВМА има 18 години и изгорениците и покривале 24 отсто од кожата.
Со авион на српската армија во неделата вечерта во Белград биле донесени 12 пациенти.






