Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Откако РЕК Битола го раскина тендерскиот договор со „Марковски компани“ за ископ на јаглен во вредност од 43 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ вели дека подизведувач во оваа набавка била фирма на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.



-Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола.

Десетици милиони евра испумпаа фирми блиски до Заев од РЕК Битола. 7 години енергетскиот комбинат беше пустошен од СДС.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од милионскиот грабеж во РЕК Битола.

Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој е поништен од новото раководство во РЕК Битола е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев испумпуваа милиони како подизведувачи.

Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот.

Венко Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола и го прифаќа како политичко наследство со кое се гордее, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.