„Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС. Владата се погрижи осум месеци државниот обвинител Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар. Но, осум месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.“ – изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Петрушевски истакна: Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи, за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите, кои како готови му беа сервирани од разни институции. Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС. Неминовна е неговата смена, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за тој извештај. Одговорност има.
Home Македонија Петрушевски: Неминовна е смената на Коцевски, наместо да го спроведува законот, се...





