Случајот со Јон Фрчкоски не е единствен во СДСМ, а јавноста сведочеше и на други вакви случаи кога станува збор за СДСМ, рече денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, исто така, потврди автентичност на снимката според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. Богоевски беше и еден од водачите на Шарената револуција. Јон и Павле се луѓе од СДСМ кои од една страна делат лекции за правда и ја бараат истата, а од друга страна се лица кои користат психотропни супстанци – рече Петрушевски.
Дополнително, додаде тој, во случајот со Јон станува збор за личност која е фатена на дело како користи кокаин на работно место.
– Истиот тој е поранешен помошник директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор и син на грдото лице на транзицијата, Љубомир Фрчкоски. Јон сака да помине само со јавно извинување, а СДСМ во меѓувреме молчи. Јон е само еден од ликовите на трулиот и корумпиран СДСМ, кој имал функции благодарение на СДСМ како во државни институции, така и партиски – рече Петрушвки.
Молкот од СДСМ и Венко Филипче е алармантен и отвора неколку прашања, додаде тој.
– Дали молкот и неоградувањето од постапката на Јон Фрчкоски значи дека Филипче одобрува земање кокаин? Дали СДСМ ќе ѝ се извини на јавноста? Дали СДСМ ќе побара институции да постапат согласно законските надлежности? СДСМ и Венко Филипче досега само потврдуваат дека се лице на корупција, на активности како што е земање на психотропни наркотични супстанци. Едноставно, дека се лице на грдата и расипничка транзиција која ја спроведуваа токму ликови од СДСМ- рече пратеникот Бране Петрушевски.





