Петровски: Зошто со Палевски не е уапсен и тој што му ги дал снимките

„Ако се знае начинот на кој што снимките дошле во посед на Љупчо Палевски, зошто е приведен само тој“, прашува активистот за човекови права од Канада Јордан Петровски преку форумот „Котле“.

 



Тој цитира медиумски извештаи кои се повикуваат на полициски извори според кои: „Дел од истагата е и утврдување на мотивите за користење на овие снимки, но и начинот на кои овие сензитивни материјали дошле до ова лице“.

Петровски вели дека Палевски не влегол сам кај Заев или пак во СЈО и ги зел материјалите туку некој или му помагал или му ги дал материјалите.

„Кој е тој? СЈО вели дека утврдила на кој начин Палевски дошол до снимките!! Зошто и тој или тие не се приведени. Нивното неприведување кај мене остава место за шпекулација дека мотивот за приведување на Палевски лежи на друго место, лежи во критичкиот однос на Палевски кон Заев и неговиот начин на водење на СДСМ и сега на владата“, се вели во реакцијаа на Петровски кој беше жесток критичар на екс премиерот Груевски и ВМРО – ДПМНЕ и на сите влади од осамостојувањето кои според него никогаш не се откажале од користење на методите на УДБА во владеењето.

Екс шефот на градската организација на СДСМ од пред десетина години вчера беше приведен по наредба на СЈО поради сомнеж дека тој преку социјалните мрежи објавувал дел од прислушуваните разговори.