Пратеничката Славјанка Петровска, која се откажа од кандидатурата непосредно пред изборите за нов лидер на СДСМ поради „нерегуларности“, жестоко реагира за изборот на Венко Филипче за наследник на Александар Ковачевски, кој даде оставка по дебаклот на неодамнешните претседателски и парламентарни избори.
„Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија!“, коментира на Фејсбук донеодамнешната министерка за одбрана.






