Со „манифест за цоцијалдемократија“ ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера официјално ја започна кампањата за лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Кампањата ја започна од Општинската организација на СДСМ во Бутел, каде Петровска порача дека планира големи реформи во партијата со цел да го врати победничкиот дух, затоа што тоа е за доброто на државата…






