Досегашната министрка за одбрана, потврди и официјално дека ќе биде кандидат за нов претседател на СДСМ.
Славјанка Петровска ја официјализирала кандидатурата пред сопартијците во Тетово, во 6-тата изборна единица, каде што таа беше кандидат и стана пратеник, дознава Телма.
„Се’ уште не е почната постапката за кандидирање, но денес имав средба со кандидатите за пратеници на СДСМ за ИЕ 6 и општинските штабови и им потврдив дека ќе се кандидирам за Претседател на СДСМ, затоа што во сериозни и предизвикувачки времиња како сега потребна е решителност и носење одлуки.
Изминатите години сите одговорни задачи кои ми беа доверувани ги извршував одговорно и посветено и сум подготвена да го превземам товарот кој го носи потребата од реформа на СДСМ, единство и фокус на идеологијата.
На СДСМ му треба силно, мотивирано и обединето членство, а на Македонија и треба силен СДСМ“, вели Петровска во пишана изјава за Телма.
Аспирации за лидер на СДСМ досега искажаа и Јован Деспотовски, Стефан Богоев, а се спомнува и името на поранешниот министер за здравство Венко Филипче…






