Пратеничката од СДСМ, и една од кандидатите за партиски лидер, Славјанка Петровска, смета дека со оставката на Зоран Заев од лидерската позиција  се мислело дека ќе се решат проблемите во партијата.



„Можеби е една од грешките во 2021 година, уште тогаш имавме лош резултат на локалните избори, се проценуваше дека со оставката или повлекувањето на Зоран Заев од функцијата лидер и премиер ќе се надминат проблемите.

Но, се виде дека погрешна одлука, или недоволна анализа на резултатите доведоа до одредени процеси и затоа денеска во 2024 година резултатите се катастрофални за СДСМ“, рече Петровска за „Дејли клик“.