Петровска нема амбиција да биде дел од раководството на СДСМ

Пратеничката Славјанка Петровска во интервју за РСЕ зборуваше за внатрешените состојби во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во таа насока смета дека пред партијата стои сериозна обврска да се заврши изборот на раководството. 



Вели дека нема амбиција да биде дел од раковдството на органите на СДСМ, што треба да се избира на двата конгреси на партијата закажани за 24 ноември.  

„Не јас сакам да останам и ќе останам пратеник на СДСМ и ќе се залагам за се она што во рамки на предизборната кампања за парламентарните избори го пропагирав, се залагав и го претставував пред граѓаните“,рече пратеничката и ексминитерка за одбрана.

Целото интервју на Петровска за РСЕ може да го погледнете тука.