По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, пет лица на 18 јуни физички нападнале едно лице, удирајќи го по главата и по телото со клоци и со тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и со други предмети додека чекал – на Ургентно.
Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.





