Активистите во Швајцарија иницираат референдум сом кој би се ставил крај на острите економски санкции на земјата кон Русија и ќе исклучат какви било казнени ограничувања во трговијата со Кина.



Петиција со 130.000 потписи поднела групата „Иницијатива за неутралност, до власите во Берн со што речиси извесно ќе води кон референдум што може да се одржи во следните неколку месеци, пишува Фајненшал тајмс.

Иницвијативата е ооддржана од десничарската популистичка Швајцарска народна партија (СВП), најголемото политичко движење во Швајцарија, кампањата предлага четири нови клаузули кои попрецизно би дефинирале што значи долгогодишната неутралност на алпската земја во пракса.

Промените на уставот би забраниле Швајцарија да стане член на кој било воен сојуз освен ако и самата не е нападната и би ја спречиле владата да воведе или да се придружи на кој било облик на режим на принудни санкции какви што ѝ воведе на Русија поради инвазијата на Украина, освен ако Советот за безбедност на ОН даде мандат за тоа.

„Кога сите држави би се однесувале како Швајцарија, не би имало војна“, наведе СВП во соопштение поздравувајќи ја веста за предавањето на потписите, додавајќи сека воведувањето на санкциите против Русија „го загрозува внатрешниот мир и стабилноста на земјата, единствена во успехот среде Европа“.

Партијата ги осуди и „целените обиди да се поткопа швајцарската неутралност“, откако Берн се усогласи со одлуките на Европската Унија да воведе економски санкции на руски поединци и компании кои се поврзани со режимот на претседателот Владимир Путин кога почна конфликтот во Украина пред две години.