Песков: Ако го сака Гренланд, Трамп да ги праша тамошните жители

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го коментираше предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, повлекувајќи паралели меѓу неговиот „план“ и руската анексија на неколку украински региони.



Песков нагласи дека Русија внимателно го следи развојот на ситуацијата околу изјавите на Трамп за Гренланд, автономен остров под суверенитет на Данска, кој е стратешки важен поради неговата позиција во Арктичкиот круг и богатството од природни ресурси.

Песков им рече на новинарите дека американскиот претседател треба да ја земе предвид волјата на народот на Гренланд, правејќи паралела со односот на Русија кон жителите на регионите незаконски анектирани од Русија.
„Од Вашингтон доаѓаат различни изјави за почитување на мислењето на населението. рече Песков.

Во текот на 2022 година, Русија одржа референдуми на окупираните територии на Украина, кои украинските власти и западните земји ги осудија како нелегални и лажни. Примените извештаи укажуваат на присуство на вооружени групи кои користеле закани за да ги принудат жителите да учествуваат во гласањето. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека овие референдуми претставуваат злосторство против меѓународното право и украинскиот народ.

Русија во 2014 година го анектираше Крим, кој е меѓународно признат како дел од Украина.

Случајот со Гренланд Песков го користи како пример за да ги истакне противречностите во западниот пристап.

„Европа на изјавите на Трамп реагира срамежливо, тивко, речиси со шепот“, нагласи Песков.

Изјавата на Трамп за преземање на Гренланд предизвика реакции ширум светот поради потенцијалните геополитички последици.

Островот, кој има околу 56.000 жители, е дом на важна база на американските вселенски сили и е клучна точка на интерес поради своите ресурси и стратешка локација.