Македонскиот центар одново за мала минутажа, само нешто повеќе од 17 минути постигна 10 поени комбинирани со 9 скока и една асистенција во Евролигашкиот триумф на кошаркарите на Црвена Звезда со каталонскиот гигант од 90-82. Мечот во Белград не го реши Антиќ затоа што тој своите бројки ги достигна пред кулминацијата на мечот во која Црвена Звезда направи 8-0 и тоа со по четири поени на плејот Рочести и крилниот центар Бјелица.



Ова за Црвена Звезда е прва победа со еден пораз од минатата недела во Литванија, но тоа што е интересно е што Антиќ веќе фати одличен просек од 13,5 поени по средба што е многу повеќе од лани.